Репрезентацијата на Катар денес загуби од Сенегал во второто коло на Светското првенството кое се одржува во нивната земја. Сенегал победи со 3:1 со што домаќините ги загубија шансите да ја минат групата на првенството.

Вечерва Холандија и Еквадор одиграа нерешено во натпреварот од второто коло од групата А на Светското првенство во 2022 година. Средбата на стадионот „Калифа“ заврши со резултат 1:1.

Резултатот го отвори холандскиот напаѓач Коди Гакпо во 6. минута, Во 45+3 минута Еквадор можеше да израмни, но голот на Пурвис Еступинан беше поништен поради тоа што Аугусто Поросо беше во офсајд и му пречеше на погледот на голманот на Холандија.

На почетокот на вториот дел, во 49. минута, еквадорскиот играч за врска Енер Валенсија сепак постигна гол и го постави конечниот резултат на натпреварот.

Во 89. минута Валенсија се повреди и беше изнесен од теренот на носилки. Триесет и тригодишниот играч од средниот ред беше заменет со Кевин Родригез.

Следниот меч Холанѓаните го играат на 29 ноември против Катар, а истиот ден Еквадорците ќе се сретнат со Сенегал. Двата натпревари ќе започнат во 16 часот.

По комплетирање на второто коло во А-групата, првото место го делат Холандија и Еквадор со по четири бода, трет е Сенегал со три, Катар е последен без освоен бод.

Претходно денеска, Иран го совлада Велс со 2:0 и ги направи интересни работите во групата Б. Во последниот меч на денешната програма, вечерва, САД и Англија одиграа реми без голови, со што последното коло на 29 ноември ќе решава за патниците во плеј-офот.

Во текот на целиот натпревар Англија упати три удари кон противничкиот гол, САД – еден.

Англија никогаш не ги победила САД на официјални натпревари. Тимовите се сретнаа двапати на светските првенства (1950, 2010) – тимот на САД победи еден натпревар, вториот заврши нерешено.

На табелата води Англија со 4 бода, Иран е втор со 3, САД имаат 2, а Велс 1 бод. Во последното коло се среќаваат Англија – Велс и САД – Иран.

Г.М.