На Светското првенство што се игра во Катар, денеска на програмата се натпреварите од третото, одлучувачко коло во групите Е и Ф.

Во дербито на денот, во 16 часот се среќаваат Хрватска и Белгија. Хрватска беше сребрена, а Белгија бронзена на Мундијалот во Русија, но една од нив предвреме ќе го напушти Катар. Хрватска која е лидер во групата Ф има 4 бода, колку што има и Мароко на втората позиција кој денеска се среќава со Канада која е последна со 0 бодови и без шанси за пласман во следната рунда. Белгија е трета во групата со 3 бода и многу проблеми во играта и соблекувалната. Сепак тешко може туку така да се отпише тимот на „црвените ѓаволи“ и оттаму очекувањата се дека ќе гледаме извонреден меч, во кој ќе има малку простор за калкулации.

Натпреварите од Е групата се играат од 20 часот. Четирикратниот светски првак Германија нема право на кикс и само со победа над Коста Рика може да се надева на пласман во осминафиналето. Во вториот меч од оваа група се среќаваат Шпанија и Јапонија.

На табелата во оваа група води Шпанија со 4 бода, Јапонија е втора со 3, колку што има и Коста Рика, а Германија е последна со 1 бод.

Г.М.