Репрезентацијата на Коста Рика со многу среќа ја совлада Јапонија 1:0 во воведниот натпревар денеска на Светското првенство во Катар.

Крајно дефанзивно ориентираната Коста Рика која беше потопена во првиот меч со Шпанија која до врв ја наполни мрежата на Навас, одигра тактички натпревар во кој само неколку пати нејзините фудбалери ја минаа противничката половина. И тоа беше доволно за триумф, откако Фулер во 81 минута искорости грешка на јапонците и го отвори резултатот.

Јапонија до крајот на мечот притисна но не успеа да израмни.

Со оваа победа Коста Рика се израмни со 3 бода со Јапонија, но поради лошата гол разлика е трета. Лидер е Шапанија која во дербито на колото вечерва во 20 часот се среќава со Гераманија, која беше поразена во првото коло од Јапонија. Во случај на триумф на Германија, сите 4 репрезентации во Е групата ќе имаат по три бода пред завршното коло.

Денеска се играат уште два натпревара во групата  Ф. Од 14 часот се среќаваат Белгија и Мароко, а во 17 часот играат Хрватска и Канада.

Г.М.