Селекцијата на Аргентина на крилата од искусниот Луис Скола приреди пријатно изненадување пласирајќи се во финалето на Мундобаскетот во Кина. 39-годишниот Скола на СП се разигра како во своите најдобри години и не ги расположи само симпатизерите на Аргентина, туку и коментаторот на Спорт Клуб, кој запеа после три постигнати поени.

В недела со почеток во 14 часот, Аргентина во финалето на СП силите ќе ги одмери со селекцијата на Шпанија.

OhridNews

СП: Аргентина ја „спушти“ Франција и закажа финале со Шпанија