Репрезентацијата на Мексико запиша нови три бодови на табелата во Ф групата, откако во втората рунда со 2-1 ја совлада селекцијата на Јужна Кореја.

Мексиканците до победата стигнаа благодарание на головите од Карлос Вела и Чичарито, додека почесниот погодок за јужно корејците го постигна Хонг Ми Сон.

Втората рунда во групата Ф ќе се комплетира со мечот помеѓу Германија и Шведска, а во третата рунда ќе се сретнат Шведска – Мексико односно Јужна Кореја – Германија.

OhridNews