Со погодокот на Никола Карабатиќ со звукот на сирената Франција ја совлада Германија 26-25 и се закити со бронзениот медал од Мундијалот.

 

Вистинската драма имаше во последните минути од малото финале. Франција поведе со голот од пенал на Мае, а германците израмнија преку Мухе исто така од пенал. Нападот за победа им припадна на французите но не реализираа, а на другата страна Германија не успеа да упати удар. Останаа уште пет секунди, а „триколорите“ продуцираа фантастична контра која ја реализираше Карабатиќ за конечна победа.

Ракометарите на Франција го заслужија бронзениот медал откако во второто полувреме успеаја да ја надоместат негативата 13-9 од првиот дел. „Панцирите“ кои се ко-домаќини со Данска очекуваа многу повеќе но мораат да се задоволат со пласман во ТОП 4.

Светското првенство ќе заврши со финалниот натпревар помеѓу Норвешка и Данска кој ќе започне во 17 часот и 30 минути.

OhridNews