Без победник (30-30) заврши дерби пресметката помеѓу Србија и Русија во групата A, додека Хрватска првите бодови ги освои после триумфот над Исланд (31-27) во вториот меч од првата рунда во групата Б.

Исходот без победник на крај беше и најреален, откако Србија влезе со плус два во финишот, а Русија успеаја да се врати во играта. Србија и Русија во последните 30-тина секунди промашија по еден напад и бројките на семафорот останаа исти на двете страни.

Ракометарите на Хрватска предводени од селекторот Лино Черва во финишот од првото полувреме ги наместија „коцките“ и заиграа како што се очекува. Од три негатива (14-11), стигнаа до 16-14 и два позитива на полувремето. Во вториот дел хрватите не го испуштија водството и со триумф го започнаа СП.

Во најава на денешниот ракометен маратон Македонија ја совлада селекцијата на Јапонија со 38-29, додека Ангола го шокираше Катар победувајќи го 24-23. Аргентина и Унгарија ги поделија бодовите ремизирајќи 25-25.

OhridNews