Балканските селекции во групата А, Србија и Хрватска забележаа победи во шестата рунда од мундијалските квалификации. “Орлите“ славеа на домашен терен против Шкотска 2-0 додека “коцкасите“ со пресврт го совладаа составот на Велс 2-1.

По шест одиграни натпревари во Групата А, Хрватска е лидер со 16 бодови исто колку и Белгија. Србија се искачи на третата позиција со седум бодови, Велс е четврти со шест, Македонија петтата со четири бодови, а “фенерот“ резервиран за шкотската селекција.

Во седмата рунда од квалификациите за СП во Бразил ќе се сретнат Македонија – Велс, Хрватска – Шкотска и Белгија – Велс.

Мх.П.