Ефикасната игра во напад и добрата престава на Борко Ристовски на голот беа клучните сегменти во победата на Македонија над Јапонија (38-29) во првата рунда од Мундијалот. „Црвено жолтите“ ја потврдија фаворитската улога дозволувајќи му само едно водство на Јапонија за сигурен старт со убедлива победа.

Раул Гонзалес (Македонија) – Не беше лесно да се контролира и игра мечот со Јапонија. Не одигравме најдобро, но среќни сме за победата и бодовите. Голманот одлично го започна натпревар ни обезбеди пристојна предност, но уморот не стигна и имавме мал пад кој за среќа го пребродивме. Без разлика на се, некој да ми понудеше победа од девет голови разлика ќе прифатев.

Дагур Сигурдсон (Јапонија) – Разочарани сме од поразот и од разликата. Немавме одговор за нивниот голман, а кружните напаѓачи немилосрдно ни ја полнеа мрежата. Стартот од вториот дел внесе малку надеж но грешките потоа не доведе во небрано и висок пораз. 

Борко Ристовски (Македонија) – Не беше воопшто лесно иако резултатот на семафорот говореше друго. Од самиот почеток најавуваме дека ќе биде ова тежок меч и така испадна. Пристапот беше многу добар и затоа победивме, бидејќи не ги потценавме и не калкулиравме. Простор за напредок има и ќе треба да се поправме во одбраната, каде што дозволивме дузина лесни голови.

Во втората рунда Македонија ќе се сретне со Бахреин. Мечот се игра в недела со почеток во 14 часот.

OhridNews
Фото: Гол.мк

Сигурна победа на Македонија на стартот од Мундијалот