Селекциите на Бразил и Швајцарија се патници во осминафиналето од Е групата. Во трката за првите две позиции на табелата кои водат во нокаут фазата отпадна Србија.

 

„Орлите“ во решавачкиот трет натпревар претрпеа пораз од Бразил (2-0), додека Швајцарија ремизираше со Коста Рика (2-2) и со победата над србите во втората рунда обезбеди пласман во следната фаза.

Во 1/8 финалето „кариоките“ ќе играат со Мексико, додека Швајцарија ќе ги одмери силите со Шведска.

OhridNews