Светскиот шампион од Мундијалот во Јужна Африка 2010 година селекцијата на Шпанија ја запиша првата победа на СП во Русија победувајќи го Иран со минимални 1-0 во последниот меч од денешната програмата.

„Црвената фурија“  до триумфот и четвртиот бод во групата дојде со многу среќа. Имено, Диего Коста кој беше стрелец на погодок беше погоден со топката при избивањето на одбранбениот фудбалер од Иран. Тој погодок се покажа пресуден и шпанците во голема мера го обезбедија пласманот во ТОП 16.

Во последната рунда од Б групата Шпанија ќе се сретне со Мароко, додека Иран во директен дуел со Португалија ќе одлучуваат за вториот патник во нокаут фазата.

OhridNews