Најзаслужниот за триумфот на Германија против Шведска (2-1), Тони Крос ја отвори душата и ги искритикува сонародниците за слабата поддршка. „Панцирите“ со погодокот на Крос во судиското продолжение стигнаа до победата и останаа во игра за пласман во нокаут фазата.

  • Јас бев виновникот за погодокот на Шведска, но тоа е нашиот стил на игра и грешки можат да се направат. Имам чуство дека многу луѓе во Германија сакаа(т) да испаднаме, бидејќи поддршката е на многу ниско ниво. Не им дозволивме да се ситат на нашиот неуспех и им ветуваме дека ќе играме најдобро што можеме во следниот натпревар. – изјави херојот на германците, Крос.

Германија со три бодови ја дели втората позиција со Шведска, додека лидер во групата е Мексико кој славеше против Јужна Кореја со 2-1.

OhridNews