Успешно заврши акцијата за спасување на младите тајландски момчиња и нивниот тренер од Пештерата.

Три момчиња беа извлечени денес, во последниот дел од акцијата, која траеше неколку дена во особено тешки услови.

Сите деца се хоспитализирани и се во добра физичка и психичка кондиција, освен две момчиња кои имаат проблеми со белите дробови.