„Спасителен летен фестивал“ ќе се одржи денес и утре во Холандскиот парк, во периодот од 18 до 22 часот во организација на  Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид,

Настанот е по повод 25 Јули – Светскиот ден за превенција од давење, што се одбележува под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО) и Интернационалната федерација за спасување (ILS).

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во забавни игри, предизвици, едукативни активности и многу изненадувања, како и да освојат вредни подароци и награди обезбедени од поддржувачите на фестивалот.

OhridNews