Реформите во безбедносните структури во МВР се во процедура, а дел од нив ќе завршат оваа есен, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, којучествува на Меѓународната научна конференција за реформите на безбедносниот систем како предуслов во евроатланските интеграции, што се одрува во Охрид. Реформи ќе има и во службите задолжени за делување во вонредни ситуации Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, истакна Спасовски.
Целта на конференцијата на чие отварање присуствуваше градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, е да се поттикнат академската заедница и практичарите од областа на безбедноста да разменуваат сознанија базирани на користење на научни методи за истражувања од областа, но и да се исползуваат искуства од практиката за да може на истите да им се даде научно-истражувачка димензија.
Научниот собир во Охрид треба да понуди решенија за идната поставеност на безбедносните систем со цел ефикасен одговор на современите ризиците и заканите по безбедноста, односно дестабилизирачките фактори кои создаваат состојби на конфликти.
На конференцијата ќе присуствуваат професори од над 15 тина земји меѓу кои од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Белгија, Бугарија, Словачка, Турција, Србија, Хрватска, Словенија, Обединетите Арапски емирати, Косово и други.
OhridNews













