Правото на глас е неприкосновено и никој не смее да го загрози. Тајноста на гласот е гарантирана, а институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што рече во видое обраќањето министерот Спасовски, секој граѓанин треба да гласа по сопствено убедување и сопствена волја.

– Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Макеоднија. Полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните, рече Спасовски.

Тој најави дека ќе биде санкциониран секој обид за попречување на остварувањето право на глас. „Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид пристисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на остварувањето на правото на глас ќе биде санкциониран“, рече Спасовски.

OhridNews