Плакати со потерници на кои се бараат политичари на СДСМ за предавство, осамнаа во Охрид. На една од нив е пратеникот Томислав Тунтев. Тој се „обвинува“ дека прифатил официјализирање на албанскиот јазик, двојазичност, редефинирање на државата….

Пратеникот Тунтев на нападот врз неговата личност одговори со објава на својот фејбук профил. 

Инаку, ова е втор инцидент поврзан со политиката викендов во Охрид. Во петокот вечерта на прозорите од седиштето на општинската организација на СДСМ на ул. „Галичица“ осамнал графит во кој се спомнува и прекар кој алудира на градоначалникот на Охрид.

Од СДСМ официјално не го коментираат овој инцидент, но информираат дека истиот е пријавен во полиција и очекуваат таа да спроведе истрага и да го расветли случајот

OhridNews