Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид ги следи светските трeндови но не само во медицината. Од неодамна болницата има современа веб страница „http://traortoh.com.mk“ на која посетителите можат да се информираат за услугите кои ги нуди оваа реномирана здравствена организација.

Интернет страницата на болницата е прегледна и содржи информации за стручниот кадар и услугите кои таа ги нуди, кои засега се достапни на македонски и англиски јазик. Истата е достапна и прку банерот на болницата „Св. Еразмо“ поставен на нашиот интернет портал, кој со околу 5- 6.000 IP адреси и 25.000 видувања дневно е далеку најпосетениот интернет портал во регионот.


Специјалната болница „Св. Еразмо“ со современ веб портал

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид, формирана е на 19.07.1950г. како “Болница за лекување на коскено-зглобна туберкулоза”. Во повеќегодишниот стручен, кадровски и економски развој, во болницата се создаваат услови, покрај лекувањето на коскено-зглобната туберкулоза успешно да се лекуваат и цела низа други ортопедски заболувања, да се имплементираат нови методи на лекување на акутната траума и последиците на траумата на локомоторниот систем. Во 1988 г. болницата прераснува во “Институт за ортопедија и трауматологија за да 1995г. согласно со Законот за здравствена заштита го промени називот во “ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија”.

Болницата располага со 400 болнички кревети и има 253 вработени. Во неа се лекуваат 2500-3000 пациенти годишно и се вршат околу 1000 оперативни зафати. Овие како и глем број други корисни информации сега им се достапни 24 часа дневно на заинтересираните граѓани преку веб страницата на болницата  „http://traortoh.com.mk“.

Ohridnews