Советот на општина Охрид на последната оддржана седница донесе одлука за субвенционирање за плаќање на специјални садови за отпад за корисниците на комунална услуга.

Се субвенционираат садови од 120 литри и 240 литри, чиј број е ограничен. Редовната цена на сад за отпад од 120 литри изнесува 1.460 денари, а за сад од 240 литри 2.130 денари. Со одобрената субвенција продажната цена ќе биде за 50% пониска од редовната.

Садовите, од страна на заинтересираните физички и правни лица ќе  може да се подигаат од Ј.П.”Охридски Комуналец”, од 8 -14   часот  секој работен ден.

OhridNews