Православната црква денеска го одбележува споменот на Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил; Светиот маченик Ромил и единаесет илјади војници; Свети Евдоксиј; Преподобен Давид.
Житие за Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил

Еден незнабожец во Лаодикија имаше нема ќерка и заради ова беше во голема тага. Но во сон му се јави Архангелот Михаил и го упати да ја води својата нема ќерка на изворот, каде што ќе оздрави. Таткото веднаш послуша, ја одведе ќерката и кај водата затекна многуброен народ, којшто на изворот си бараше спасение од разни маки. Тие сите беа христијани. Тогаш човекот ги праша како треба да бара исцеление, а христијаните му рекоа: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух треба да го молиш Светиот Архангел Михаил.“ Оној човек така и се помоли и ја напои ќерка си од водата, а потоа девојката почна да зборува. Тогаш тој човек незнабожец се крсти заедно со сиот свој дом, а крај изворот му изгради црква на Светиот Архангел Михаил.
Подоцна на тоа место се насели едно момченце по име Архип и таму се подвизуваше во тврд подвиг на пост и молитва. Незнабожците многу му пакостеа, зашто не им беше по волја тоа што од хриситјанската светост исходи толкава сила и привлекува многуброен народ. Па во својата злоба тие ја навртеа блиската река за да ги потопи црквата и изворот. Но откако Архип му се помоли, повторно се јави Светиот Архангел и во карпата покрај црквата отвори расцеп којшто ја прими сета навртена река. Така она место се спаси и се нарече Хони („нурнување“) зашто реката се нурна во отворената бездна. Свети Архип се подвизуваше тука седумдесет години и се упокои мирно во Господа.
OhridNews











