Споменикот на големиот светец и просветител Наум Охридски – Чудотворец ќе биде подигнат во 2010 година, кога се навршуваат 1100 години од неговата смрт.

Ова стои во предлог одлуката што ќе се најде пред градските советници на претстојната шеста седница.

Како што е познато споменикот е планирано да биде подигнат во паркот пред рибниот ресторан. Локалната најави дека по донесување на Одлуката в петок, Советот на општината ќе именува посебен одбор кој ќе се грижи за реализација на целиот проект.

Со Предлог-одлуката одредено е  потребните средства за подигање на споменикот да се обезбедат од Буџетот на општината, Министерството за култура и евентуални донатори.

Ohridnews