Премиерот на Албанија Еди Рама на Фејсбук го искритикува претседателот на Република Македонија зошто не го потпишува Законот за јазиците, порачувајќи дека вез Албанци нема Македонија.

-Господине Иванов, албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија почитуван претседател Иванов. – напишал Рама, пренесува „Бота сот“.

Ова не е прв пат Рама да испраќа пораки до соседите кон соседите, а кои предизвикуваат силни реакции и бранувања во јавноста.

OhridNews