Националните федерации во Македонија ја прифатија сугестијата од Владата која препорача спортските натпревари до следната сабота (6 март) да се играат без присуство на публика. Овој предлог до Владата го достави Министерството за здравство, како мерка за безбедност поради ширење на корона вирусот кој се појави и во нашата земја.

  • Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. – се вели во соопштението од Владата.

Истите мерки ќе важат и за сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации. Карневалите во Струмица и Прилеп се одложени, а формирана е комисија за Заразни болести која будно ќе ги следи случувањата во нашата земја.

До сега, само кај еден пациент е регистиран корона вурисот додека десеттина лица се чуваат во карантин поради почетните симптоми кои ги имаат.

OhridNews