Спортот и понатаму во Македонија ќе се игра без присуство на публика, откако донесените мерки од Владата за олабавување при организирање на настани со ограничен број на луѓе не важат за спортските манифестации.

Спортските натпревари се уште ќе бидат без присуство на публика и на отворено и на затворено. Протоколот за јавни настани не ги опфаќа спортските настани. – стои во соопштението од Владата.

Според новите препораки, настаните на отворено треба да се организираат со 50% од капацитетот и максимум 1 000 посетители, а настаните на затворено да се организираат со 30 проценти од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1 000 посетители. Задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација за целото времетраење на настанот, како и засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 проценти натриум хипохлорит (5 проценти белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70 проценти алкохол за дезинфекција за горните површини.

OhridNews