Утре со почеток во 10 часот во СРЦ “Атина Бојаџи” ќе се одржи Спортски ден.

Настанот е организиран од Сојузот на училишни спртови во соработка со локалната самоуправа, а ќе го отворат советникот Јоне Станковски и раководителот на Одделението за образование, култура, детска здравствена и социјална заштита Серафим Наумовски.

Основците и средношколците од Охрид ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини.

OhridNews