Во сабота, на 14 март, се одржа Државното првенство во традиционално таеквондо ИТФ, организирано од Македонската традиционална таеквондо федерација. Настанот собра голем број натпреварувачи од повеќе клубови од целата држава, кои имаа можност да ги покажат своите знаења, вештини и натпреварувачки дух.

На натпреварот учествуваа 88 натпреварувачи од различни клубови: „Мастер“ Охрид, „Ге Бек“ Ресен, „Ахилиус“ Скопје, „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, „Сонкал“ Мислешево – Струга и „Чонџи“ Косел – Охрид, кои се натпреваруваа во две дисциплини – форми и борби.

Според освоените медали, најдобар клуб на првенството беше Таеквондо клубот „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, со освоени 21 златен, 16 сребрени и 18 бронзени медали, како и 6 пехари за најдобри поединци.

На второто место се најде Таеквондо ИТФ клубот „Сонкал“ Мислешево – Струга, со освоени 6 златни, 4 сребрени и 4 бронзени медали, како и два пехари за најдобри поединци.

Третото место му припадна на Таеквондо клубот „Мастер“ Охрид, со освоени 2 златни, 3 сребрени и 6 бронзени медали, како и еден пехар за најдобар поединец.

На четвртото место се пласира Таеквондо клубот „Ге Бек“ Ресен, со освоени 1 златен, 3 сребрени и 10 бронзени медали.

На петтото место се најде Таеквондо ИТФ клубот „Чонџи“ Косел – Охрид, со освоени 1 златен, 2 сребрени и 4 бронзени медали.

Шестото место му припадна на Таеквондо клубот „Ахилиус“ Скопје, со освоени 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени медали.

За најдобри поединци во своите старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари, беа прогласени:

  • најдобро девојче 8–9 години – Дариа Митреска, со освоени 2 златни медали
  • најдобро момче 8–9 години – Јаков Гагалески, со освоени 2 златни медали
  • најдобра кадетка 10–11 години – Емилија Трајчевска, со освоени 2 златни медали
  • најдобар кадет 10–11 години – Теодор Ѓорески, со освоени 2 златни медали
  • најдобра кадетка 12–13 години – Христина Стојкоска, со освоени 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен медал
  • најдобар кадет 12–14 години – Даријан Китаноски, со освоени 1 златен и 1 сребрен медал
  • најдобра јуниорка 14–16 години – Миа Танеска, со освоени 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал
  • најдобар јуниор 14–16 години – Михаил Крстаноски, со освоени 2 златни и 1 сребрен медал
  • најдобра младинка 16–21 година – Анастасија Чулческа и Теодора Тодороска, со освоени по 1 златен и по 2 сребрени медали
  • најдобар младинец 16–21 година – Давид Крстески и Владимир Димитриевиќ, со освоени по 1 златен и по 1 сребрен медал.

Настанот помина во одлична атмосфера, со голема поддршка од тренерите, клубовите и љубителите на традиционалното таеквондо. Државното првенство претставува значаен настан за развојот на таеквондо спортот во Македонија и важна можност за младите спортисти да стекнат натпреварувачко искуство, вели претседателот на Македонската традиционална таеквондо федерација, Марјанчо Лазаревски.

Упатива благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, како и до поддржувачите „Жито Леб“ Охрид, ЈП Градски пазар Охрид и сендвичара „Кај Љупче“ – Лескоец, кои, посочува, придонесоа за успешната реализација на настанот.

OhridNews