Иако дерби натпреварот од плејофот помеѓу екипите на Охрид и Алкалоид одигран вчера во салата „Билјанини извори“ заврши со нерешен резултат, победи хуманоста.

Охриѓани одговорија на апелот за помош на малата Ева која се бори со тешка болест и на вчерашниот натпревар, на кој влезот беше бесплатен, беа собрани парични средства во износ од 223.860,00 денари, кои во текот на наредните денови ќе бидат уплатени на сметка на Ева, информира ГРК Охрид.

Победи нашиот Охрид, победивте Вие, Охриѓани! Победи Вашата хуманост, победи заедништвото и сплотеноста во поддршката за најважната битка на нашата Ева! Охрид и Охриѓани биле, се и ќе останат хумани!

Благодариме Охриде!

Со срце за Охрид, од срце за Ева! – стои во клупското соопштение.

Г.М.