Спроти продажбата растат акциите на охридски ЕМО на берзата. Пазарната цена на ЕМО за неколку месеци порасна речиси шесткратно и ја достигна основната цена.

Продажната вредност на компанијата се проценуцва на околу 5 милиони евра, а купувачот ќе наследи и долгови од 15 милиони евра. Државата преку аукциски модел на берзата најави продажба на акциите на компанијата во март, кога ЕМО ќе се продава во пакет со Охис.

ЕМО и Охис се првите големи загубари што владата одлучи да ги продава на берзата.