Слонче, Менда… Ова се имиња на бездомни кучиња кои можеа да се сретнат во центарот на градот. Имињата им ги дадоа волонтерите за заштита на животни, кои на нивни трошок се грижеа за овие и многу други бездомни кучиња. Дури и ги стерилизираа. Слонче не издржа, а Менда се бори за живот, откако со уште едно бездомно куче денеска беа жртви на масовно труење во центарот на градот.
Благодарение на брза интервенција на волонтери, ветеринарите Јане, Оливер и Ристе, и на вработените во околните кафе барови кои несебично помагаа две од затруените кучиња се спасени. На немилиот настан сведочеше заменик градоначалникот Ристе Николески.
Ветеринарите констатираа дека станува збор за „Ланате“, високо токсичен отров кој е во строга продажба и огромна е процедурата за да можеш да го набавиш, но ете некој успеал. Беше повикана полиција на терен и крим техника, направен е записник и ветена е сериозна истрага и проверка на камерите, а за сето тоа притисна и самиот заменик градоначалник кој го повикав на лице место да го сведочи овој хорор над кој згрозени останаа мноштво граѓани и туристи, кои и снимаа и сликаа па можете да видете каква слика тоа ќе остави за градов. – раскажува за немилиот настан волонтерот Климент Арнаудов.
Наспроти обидите на хумани граѓани за помош на беспомошните бездомни животни, кои и пред крајот на втората декада од 21 век кај нас се проблем за кој властите од сите партии и бои од осамостојувањето на Македонија наваму немаат решение, за жал се уште постојат такви кои „непријатната ситуација“ со кучињата скитници во туристички Охрид ја решаваат со труење. И баш денеска, баш на 7-ми Ноември – Денот на ослободување на градот од фашизмот, а пред викендот во кој Охрид ќе биде домаќин на премиери и претседатели од регионот, се случи труење на бездомни кучиња на централниот плоштад, каде пред очите на минувачите и гости во најтешки маки, сурово умираа животни? За да нема прашалници, но и сомнеж дали овој немил настан, кој е за секаква осуда, има или не некаква врска со било што од спомнатото, или е последица на непромислен индивидуален чин, потребна е брза и ефикасна истрага, пронаоѓање на сторителите и казнување согласно законот. Ако во центарот на Охрид ниту една од десеттиците камери не го снимила настанот, а надлежните не можат да ги најдат сторителите, тоа ќе фрли сериозен сомнеж дека не постои волја да се расветли грозоморниот чин, или можеби некој се заштитува, или, пак, како и за многу работи во ова наше тажно општество, едноставно не не бива за ништо, коментираат охриѓани.
Живееме во време на изместени вредности во кое потрагата по материјалното е приоритет Не изградивме општеството кое младите ќе ги задржи тука и затоа не треба да се чудуме што тие иднината ја гледа...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на конститутивната седница на советот, која се одржа денеска во Охрид Од...
Кошаркарите на Охрид во возбудлив и драматичен натпревар кој се решаваше во завршните секунди од мечот, попладнево во салата „Билјанини извори“ го совладаа Вардар во дерби натпреварот од 10 коло од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.