Со фудбалерската и подоцна со тренерската кариера, Радомир Антиќ остави не избршлив траг во клубовите во кои играше, или пак, ги предводеше од клупата. Антиќ во 71-та година почина во Шпанија каде ги помина последните години од животот.

Српскиот стратег по една работа се одвојува од останатите. Тој бил тренер на Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона, што не му успеало на никој тренер претходно. Затоа, од починувањето на Антиќ погодени беа најголемите клубови од Шпанија, белградски Партизан од Србија и секако, другите низ кои ја стекна репутацијата на фудбалски господин.

(Фернандо Торес) – Останавме без човекот што донесе достоинство во фудбалерската професија кој испиша историја со нашиот Атлетико Мадрид. Антиќ секогаш ќе остане во нашите срца.

(Партизан) – Само еден црно-бел човек ги водеше трите најголеми шпански клубови: Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид. Само еден црно-бел човек има внуци кои во копачки на Партизан трчаат по шпански терени. Само еден црно-бел човек беше и остана вистински Мистер. Само еден човек од вечерва „ќе те бодри од онаа страна, Партизане. Со неговата смрт, таа љубов не запира. Вечнаја памјат, Радомир Антиќ.

(Серхио Рамос) – Успеа да го направиш Атлетико Мадрид голем клуб. Да го кренеш нашето ривалство и да стене големо во европски рамки. Кариерата му беше уникатна бидејќи беше тренер на трите најголеми клубови од Шпанија. Почивај во мир!

(Барселона) – Загубивме голем и драг човек кој беше во клубот во 2003 година. Многу жалиме за загубата и упатуваме голема поддршка до семејството.

(Икер Касилјас) – Денес е тажен ден. Фудбалот изгубивме еден голем господин. Човек кој успеа да ги обедини трите клубови од Шпанија како никој друг до сега. Заслужува целосен респект за успесите и пасијата која ја имаше за фудбалот.

(Дејан Станковиќ) – Тајните на фудбалот и на животот со тебе престануваа да бидат тоа, а кариерата запамети многу прекрасни моменти. Големите не заминуваат, само не гледаат од друго место. Засекогаш твој, капитен.

OhridNews

Згасна животот на српската фудбалска легенда Радомир Антиќ