Сребрен и бронзен медал за ученичката  Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески” на Меѓународниот натпреварот за десерти во рамките на „Шумадија Сајам”-Саем за чоколадо и топли напитоци во Крагуевац.

Како дел од тимот на Гастромак – Македонија, под менторство на Влатко Ѓоргиески, ученичката  бронзениот медал го освои во категоријата чоколаден десерт индивидуално, а сребрениот медал екипно чоколаден десерт.

По Меѓународниот гастрономски натревар во Истанбул во февруари годинава каде што Кристијан Китанов заедно со Анастасија Чутрова, освоија сребрен и бронзен медал, ова е втор висок успех на учениците од училиштето „Ванчо Питошески“ на меѓународни натпревари.

Како што велат од училиштето, настапите на натпреварите ќе продолжат и во иднина сѐ со цел стекнување нови вештини и знаења за учениците.

OhridNews