Ненад Целески од Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид освои сребрен медал на најголемиот спортски спектакл Скопје Опен Рамус 2026 Г1/Е1 турнир во олимписко теквондо што се одржа викендов.

Клубот настапи со 4 натпреварувачи кои во овој момент имаат ГАЛ лиценци (Global Atletic Licence) за учество на вакви големи натпреварувања, Петар Петкоски, Ѓорѓи Петкоски, Јана Спироска и Ненад Целески.

Во првото коло беа елиминирани Петар Петкоски од претставникот на Израел, Ѓорѓи Петкоски од претставникот на Шпанија, Јана Спироска од претставникот на Грција. Ненад Целески прво коло заради подобар ранкинг беше слободен во прво коло, во полуфинале го совлада претставникот на моќната Турција со 2:1 а во финалето со претставникот на Романија загуби со 2:0. Повредата на задната ложа која го одвлече од тренинзите претходниот месец и од натпреварот од лига системот во Охрид, го направи своето и покрај желбата за поголем успех. Нови бодови за повисок ранкинг на европската и светската ранг листа за Ненад и поттик за следните натпрвари кои ни претстојат, велат од клубот.

На турнирот учество зедоа 1000 натпреварувачи од 40 држави, од кои 15 олимпијци со една цел, освојување на нови бодови за остварување на олимписка норма.

На отворањето на турнирот присуствува премиерот на РМ, министерот за одбранa, пратеници од Собранието, заменикот амбасадор на САД, амбасадорот на Р. Кореја, олимпискиот шампион Шабан Трстена и градоначалниците на град Скопје и општините Карпош, Бутел и Штип.

OhridNews