Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари средба со такси превозниците од  Охрид, на која им ги презентира измените во Законот за превоз во патниот сообраќај.

– Во насока на обезбедување што поквалитетен такси превоз,  а согласно  активностите на Владата и Министерството за транспорт и врски, наша цел е на денешниот состанок со такси здруженијата и индивидуалните такси превозници, да ги слушнеме нивните размислувања околу  предложените  измени и дополнувања на Законот , со цел  да се обезбеди потребната обука за познавање на основен англиски јазик. – изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Такси превозниците беа информирани дека обуката ќе биде целосно бесплатна, односно ќе биде покриена со средства од Министерството за транспорт и врски и од Локалната самоуправа.

Рокот за полагање на испитот е до 01.01.2017 година.

OhridNews