Претставници на Капетанијата и капетаните на бродовите кои пловат во Охридското Езеро утре ќе се сретнат и ќе разговараат околу извлекување на потонатиот брод „Илинден“ од Охридското Езеро.

Извлекувањето според сеуште непотврдени најави, ќе го врши специјализирана компанија од Хрватска, а логистичка поддршка ќе бидат неколку охридски бродови.

На средбата се очекува заповедниците на бродови да ја обелоденат иницијативата за фер судење на капетанот на бродот Илинден. Тие бараат истрагата да биде независна без влијанија и да ја открие вистината за големата трагедија која однесе петанаесет животи.

Ohridnews