Претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска, заедно со пратениците Жаклина Лазаревска и Лазе Таневски, советниците, пошорокото раководство на ОО СДСМ Охрид , Форумот на пензионери и Форумот на жени, денеска, остварија средба со пензионерите од град Охрид.

 

На средбата се разговараше за историското покачување на пензиите од 8,4 проценти, кое овој месец го добиваат пензионерите. Ова е второ покачување на пензиите за само неколку месеци или вкупно околу 16%. На општо задоволство на сите, беше разговарано и за тоа дека во оваа 2023 година освен сегашното мартовско усогласување на пензиите, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата. Со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување сега и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% за само 1,5 година. –  соопшти ОО СДСМ.

СДСМ се грижи за пензионерите. Ги релизира ветувања и ја исполнува должноста да им се обезбеди пристојна, достоинствена старост на пензионерите – онака како што заслужуваат, стои во партиското соопштение.

OhridNews