Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш.
Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот, соопшти Кабинетот на претседателката.
Соговорниците од УНЕСКО ја информирале претседателката за јасно изразената политичка подготвеност и решеност за правни и институционални чекори, проследени со конкретни мерки.
Таа укажа на потребата од поголем ангажман на експертската заедница, како и интензивирање на соработката со Република Албанија во надминувањето на заедничките проблеми, стои во соопштението.
На средбата било заклучено дека заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници и упатува на меѓународно разбирање и солидарност.
OhridNews













