Денеска во Охрид во рамки на официјалната посета на владата на Република Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со заменик претседателот и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ.
На билатералната средба се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, информираат од Министерството за транспорт.
Посочуваат дека Николоски се заблагодарил за поддршката во решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи и се заблагодари за измените на Законот за работни визи кои веќе ги направи Република Хрватска кои се од огромно значење за нашите превозници.

OhridNews














