Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

„Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија“, информираат од Кабинетот на претседателот Иванов.