Победата на Себастијан Фетел на трката Сепанг во Малезија крена голема прашина откако го престигна својот колега од Ред Бул, Марк Вебер. Тимските наредби стигнале до Вебер, на кој му било сугерирано да го задржи првото место. Но, тие не допреле до ушите на Фетел, кој го престигна Вебер, а Австралијецот за таквиот потег му возврати со покажување на среден прст.

Мх.П.