Аква паркови и национални ресторани- беа  дел од виртуелните компании кои денес се претставија на веќе традиционалниот Саем , кој по трет пат се оддржа во Економското училиште, а на кој учествуваа осум компании од економските и една од гимназиските паралелки.


Се продаваа производи, се пресметуваа наплатените пари, се изготвуваа фактури- на поставените штандови учениците го работеа она што секојдневно го работаат вработените во реалните компании.


Со задоволство бев дел од активностите за презентирање на нашиот национален ресторан во кој се нудат традиционални јадења, кои ние учениците ги донесовме. Ги продаваме, наплаќаме, се она што една вистинска компанија треба да прави. Од ваква практична работа може многу да се научи, вели Игор Завојчески, ученик во IV  година во Економското училиште.


Веќе неколку години предметот Училишни компании е дел од наставната програма на економските паралелки. Резулатот од успешниот спој на теоретскиот и практичниот дел од она што го научиле, учениците имаат можност да го прикажат токму на Саемот на компании.


На овој начин учениците го ефектуираат целокупното нивно знаење за водење на бизнис,а целта е и да успеееме нивната младост и импулсивност да ја канализираме низ едни вакви позитивни манифестации. На овој начин можат да се увидат квалитетите на ученицте, тие да покажат што знаат, а воедно сакаме да упатиме и апел до реалниот сектор дека испраќаме квалитетни ученици, вели професор Весна Карамитре која заедно со професор Царева Цветаноска се ментори на учениците.


Со цел да се збогатат знаењата за практичната работа, учениците секоја година посетуваат и еден меѓународен саем. Оваа година тие имаа можност да го посетат саемот во Тирана.

Т.К.