На  натпреварите  на средните електро, машински и сообраќајни училишта  од Република Македонја , кои викендов  се одржаа во Средното училиште  „Владо Тасевски“ во Скопје , учениците од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“  од Охрид  освоија најмногу награди и пофалници.

Првото место, во категоријата техничар за патен сообраќај го освои Добрила Тодороска, а втори места освоија Стефан Јованоски во категоријата, електротехничар за компјутерска техника, Светлана Тасеска во категоријата, техничар за патен сообраќај и Горан Трпчески во категоријата, електротехничар- енергетичар.

Натпреварите ги  организира „Здружението на електро, машински и сообраќајни училишта во Република Македонија “, со поддршка од градот Скопје.

OhridNews