Во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се одржа презентација на тема „Популаризација на воениот позив за служба во Армијата на Република Македонија“. Презентацијата беше организирана од страна на претставници на Министерството за одбрана и припадници на Армијата, потполковник Митко Богданоски, професор во Воената Академија и капетан Жарко Блажески.
Целта на оваа презентација беше информирање на средношколците за правата, обврските, животот и работата на војниците, професионалните војници и старешините, како и зголемување на нивниот интерес за најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ.
OhridNews













