Вонредната дезинфекција на воспитно образовните установи во Охрид, направена неодамна, се вршела на начин и со средства несоодветни за таа намена, обвини опозициската ВМРО ДПМНЕ, повикувајќи се на надзорот извршен на Јавната установа Детска градинка Охрид.
Со надзорот во детската градинка се потврдија нашите сомневања дека ЈП „Охридски Комуналец” не поседува дозвола издадена од Министерството за здравство за вршење на дезинфекција на детски градинки, училишта и јавни површини. Во повеќе наврати бевме сведоци на нивно незаконско работење и кршење на здравствените и безбедносните протоколи, и од тие причини сега конечно им е издадена забрана за вршење на дејност дезинфекција во затворени простории. Утврдено е дека средството со кое е вршена дезинфекцијата не смеело да се користи во присуство на деца. – се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ бара институциите до крај да го расчистат случајот, а локалната самоуптава и градоначалникот да побараат одговороност и соодветно да ги санкционираат сите инволвирани во случајот.
OhridNews











