Компанијата Т-Мобиле,  под насловот  “Среќни празници”, денес ги израдува најмладите охриѓани кои излегоа на прошетка на кејот. 

Младите, но и повозрасните, поминаа убави мигови, сликајќи се крај многубројните украсени новогодишни елки, со Дедо Мраз, волшебникот од Оз, Снежана, Пепелашка и вештиот жонглер.


Лампиони, колачиња и сокчиња беа дел од изненадувањата што беа приредени за децата, на неколку штандови кај споменикот на Св Кирил и  Методи.

Е.Е.