Српските армијци доминираа на воениот атлетски митинг во Охрид
08.09.09 16:00
Никола Страмениќ од армијата на Србија победи на Вториот воен атлетски маратонна кој учество зедоа околу 30 атлетичари-учесници од армиите на Република Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина
Во армиска конкуренција кај мажите првите три места ги освоија натпреварувачите од Војската на Република Србија, по следниот редослед: прво место Никола Страмениќ од со време 1: 46.53, второ место Горан Чегран со време 1: 50.45 и трето место Александар Нешевски со време 1: 55.29, додека во женска конкуренција најдобра беше Маријана Лукиќ со време 2:07.07 исто така од Војската на Република Србија.
Во екипна конкуренција кај армиските екипи, првото место го освои екипата на Воската на Република Србија, второто место Армијата на Босна и Херцеговина, трето место Армијата на Република Македонија и четврто место Армијата на Република Албанија.
Инаку, маратонот протекна во одлична спортска атмосфера, а за успешната организација на оваа спортска манифестација се погрижија Атлетската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт, Атлетскиот клуб од Охрид и Армијата на Република Македонија.
ГРК Охрид убедливо го совлада Спор Тото и во реванш натпреварот од второто коло на ЕХФ Европскиот куп и сигурно го продолжува патот во одбрана на европската титула „Гладијаторите“ вечерва во „Билја...
Охрид Лихнидос го доби дербито на врвот во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го Работнички со 1:0 Стрелец на единствениот гол беше Матески, кој во 53 минута донесе голема победа за ох...
Oд 26-ти октомври до 7-ми ноември 2026 година во просториите на ШК Ласкер Охрид ќе се одржи VI Општинско првенство во шах „7-ми Ноември“, во чест на 7-ми Ноември, Ден на ослободување на Охрид, во о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.