Новинарските организации денеска на прес конференција во Клубот на новинарите јавно се солидаризираа со колегите од дневниот весник Утрински весник, кои од менаџментот на Медиа принт Макединија добиле непристојна понуда да избркат од работа десетина новинари или ако тоа не биде прифатено да го згаснат весникот.

Здружението на новинарите и Самостојниот синдикат на новинарите побараа од менаџментот на МПМ да се откаже од намерата да отпушта новинари и да седне на сериозни разговори со синдикатот за остварување на работните права на новинарите. Претседателот на ССНМ и ЗНМ, Тамара Чаусидиас и Насер Селмани повика новинарите да покажат поголема солидарност со колегите од Утрински и да ги поддржат идните активности на еснафот против нови отпуштања во МПМ, за редовно плаќање на хонаририте на дописниците и на отпремнините на досега отпуштените новинари.

Чаусидирс рече дека за лошите финансиски резултатит на компанијата не се виновни новинарите, туку менаџерите, кои нивниот неуспех го решаваат преку намалување на плати на новинари и откази. „Намалените тиражи на весниците најмногу се последица на слугински однос на сопствениците кон власта, кој продуцира лош весник“, рече Чаусидис.

Таа го обвини менаџментот на компанијата за непочитување на досегашните договори со синдикатот. „ Намалија плати за да нема бркање на одреден период. Платите останаа намалени, откази се поделија. Само од Вест беа избркани 14 врвни новинари, на кои сега не им се исплаќа отпремнина, а на десетина дописници од цела Македонија со месеци не им се исплаќа хонорарот“, истакна Чаусидис.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги поддржа напорите на ССМН во заштита на правата на новинарите од МПМ и силно се солидаризираше со барањата на колегите од Утринскуи весник.

Тој потсети на аманетот на основачот на американскиот реномиран весник Њујорк Тајмс, Хенри Рејмонд, кој во 1851 година им порачал на новинарите дека не смеат да дозволат весникот да биде изборен памфлет, односно алат или роб на одредена партија.

„ Тоа што на Рајмонд му беше јасно во 1851 година, на сопствениците на МПМ Срѓан Керим и на Орце Камчев, не им е јасно во 2016 година. Што е разликата меѓу основачот на Њујорк Тајмс и на сопствениците на МПМ. Рејмондс беше демократ и живееше во демократска земја. Керим и Камчев ни се демократи, ниту живеат во демократска земја. Тие се производ на советскиот модел на диктатура, кој потоа прерасна во формална демократија, кое го гледаме во нашата земја и нашето опкружување скоро 30 години по распадот на социјалистичкиот блок“, рече Селмани.

Според него, советскиот модел на демократија, кој е воспоставен во Македонија, медиумите ги третира како пропаганда машинерија за промовирање на интересите на врхушката на власт, а не за информирање на граѓаните.

Новинарот на Утрински весник Љубиша Станковиќ потсети дека проблемите во весникот траат од 2011 година и оттогаш новинарите се под перманентен притисок. „Но ставот на Утрински е дека „ниту еден не смее да биде отпуштен од работа и како знае нека се справи менаџментот со тоа“, рече Станковиќ.

OhridNews