Стапи на сила новиот Закон за енергетска ефикасност кој минатата недела беше изгласан во Собранието.

Од владата потенцираат дека со новиот Закон за енергетска ефикасност државата добива модерно, современо законско решение кое ќе овозможи придобивки во неколку области:

  • подобрување на енергетската ефикасност и остварување на заштеди на енергија како примарна цел;
  • нови вработувања и заживување на работата на друштвата кои даваат енергетски услуги и вршат енергетски контроли;
  • законска рамка за реализација на проекти за реконструкција на згради,
  • набавка на енергетски ефикасна опрема и инсталации, како и други енергетски услуги без значајно финансиско отпретување на корисниците на тие услуги;
  • воведување на можности за дополнителна финансиска поддршка за реализација на проекти за енергетска ефикасност, преку основањето на Фондот за енергетска ефикасност со посебен закон; и
  • подобрување на енергетската ефикасност на производите достапни на пазарите во Република Северна Македонија, согласно новите правила за означување и еко-дизајн на производите што користат енергија.

OhridNews