Законот за материјално обезбедување на невработените лица по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок почнува да се применува од денеска, а опфаќа 3.000 стечајци.

Сите оние кои останале без работа во периодот од 2000 година до 31 декември 2013 година, а имаат работен стаж повеќе од 25 години и работеле во претпријатија во доминантна сопственост на државата имаат право од петок и во наредните 30 дена да поднесат барање до Агенцијата за вработување на Република Македонија и да добијат материјално обезбедување во износ од 7.100 денари и плус здравствено осигурување.

Од Министерството за труд и социјална политика очекуваат со овој Закон да се опфатат околу 3.000 невработени граѓани односно стечајци или пак невработени по основ на технолошки вишок и ликвидација.

OhridNews
извор:„Макфакс“