Граѓани предупредуваат на опасноста од целосно уривање на стара куќа позади основниот суд која, како што велат, со секој нов потрес се повеќе се руинира.
Општинската комисија за проценка на штети и екипи на ИЗИС деновиве направија инспекција на објектите од јавен интерес и градбите со најголеми оштетувања при што е изготвена листа на приоритети. Штети има и во многу станбеени згради и индивидуални куќи кои граѓаните можат да ги пријават во општината, а голема опасност претставуваат старите напуштени куќи, како оваа во центарот на Охрид за која граѓаните стравуваат дека може да се урне.
Во изминатите дваесет дена Охрид го погодија над 1200 земјотреси. Најсилниот беше со магнитуда од 5 степени според Рихтер.
OhridNews













