Стари најлонски кеси, картони, даски- со години наназад се “ декорот” на тезгите во охридскиот пазар, стари неколку децении.  Гледка која ни малку не наликува на пазарите во развиените земји.


Кога врне принудени сме да ги заштитуваме тезгите и производите со најлони и стари картони. Често пати гостите кои престојуваат во градот, освен што ги посетуваат културно историските споменици, доаѓаат да го видат и градскиот пазар, но со вакви крпени тезги и вакви услови за работа тешко дека можеме да се гордееме, велат продавачите во пазарот. 


 
Осовременување на градскиот пазар се најавуваше уште пред неколку години. Како причина што тоа сеуште не е направено се наведува тоа што сопственоста на земјиштето, каде што се наоѓа охридскиот пазар, се уште е во државна сопственост, па јавното претпријатие кое стопанисува со пазарот не може да превземе никакви градежни активности, за да им обезбеди подобри услови на пазарџиите.

OhridNews